Утрински Весник
Свет

Во Хрватска 43 нови случаи на коронавирус, пет лица починаа

Во Хрватска 43 нови случаи на коронавирус, пет лица починаа
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 43 нови случаи на коронавирус, а пет лица починаа, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Бројот на активни случаи во Хрватска е 1.243. Меѓу нив, 580 пациенти се во болница, од кои 49 се на апарати за дишење.

Од 25 февруари 2020 година, кога беше забележан првиот случај на Ковид-19 во Хрватска, регистрирани се 357.608 случаи, од кои 8.091 починаа.

До денес се направени 2.047.218 тестови, од кои 1.989 во последните 24 часа.

Заклучно со 6 јуни, потрошени се 1.903.673 дози вакцина.

Можете да прочитате

Се урна приватен авион во Северна Каролина

САД предлагаат забрана за интервенции за промена на пол кај деца

ЕУ бара договор за финансирање на Украина со замрзнати руски средства