Утрински Весник
Македонија

145 санкции за брзо возење на територија на Тетово

52 возачи казнети за брзо возење на автопатот Скопје-Велес

Денеска во периодот од 14 до 20 часот на подрачјето на Тетово била спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што биле санкционирани 145 возачи, од кои 104 на територија на Тетово, а 41 на територија на Гостивар.

71 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а 15 за дури над 70 километри на час над дозволената.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, информира МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот.

Можете да прочитате

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Облаци, ветер и дожд – на планините снег

Касами ја честита победата на Косово, жали за поразот на Албанија, а за мечот на Македонија ниту збор