Утрински Весник
Свет

Нетанјаху: Се случи најголемата изборна измама во историјата

Нетанјаху: Се случи најголемата изборна измама во историјата

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека новоформираната политичка коалиција која има намера да го отстрани од премиерската позиција е формирана како резултат на најголемата изборна измама во историјата на демократијата.

Своите обвинувања, Нетанјаху ги темели на неисполнетите предизборни ветувања на Нафтали Бенет, кој треба да го замени за израелски премиер, истакнувајќи дека Бенет минатата среда објавил коалициски сојуз со центарот на опозицијата на Жаир Лапид, иако ветил дека нема да се дружи со левичари, центристи и со арапските партии, вели Нетанјаху.

Обвинувањата беа изнесени веднаш откако шефот на израелската служба за државна безбедност јавно предупреди на можноста за избувнување на политичко насилство во земјата, пренесува Ројтерс.

Иако датумот на изјаснување во израелскиот парламент до Кнесетот за новата влада не е утврден, се очекува тоа да се случи на седницата на 14 јуни, додава британската агенција.

Можете да прочитате

Отворена истрага откако иранска телевизија објави видео со упатства како да се убие Меланија Трамп

Собјанин: Москва ноќеска беше нападната со повеќе од 390 дронови

Тела на пет бебиња пронајдени во картонски кутии во семејна куќа на југот на Франција