Утрински Весник
Македонија

20-годишен прилепчанец спречен во обидот да пушти во промет фалсификувани евра

20-годишен прилепчанец спречен во обидот да пушти во промет фалсификувани евра

Дваесетгодишник од Прилеп се обидел во маркет да пушти во промет фалсификувана банкнота од 200 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Акцијата се случила вчера во 13.50 часот на ул.„Дебарца“ во Прилеп, кога полициски службеници го лишиле од слобода А.Р.(20) од Прилеп затоа што претходно во маркет во нас. Тризла се обидел да пушти во промет фалсификувана банкнота од 200 евра.

При преглед кај него била пронајдена и одземена банкнотата.

По целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Можете да прочитате

Ренџерите од Маврово го извлекоа повредениот планинар од Кораб

ВЛЕН: Просрпскиот собир во Куманово го организираше пријателот на Бујар Османи, почесниот конзул Владимир Стајиќ!

Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија