Утрински Весник
Македонија

Во САД почина Џејмс Пердју, еден од креаторите на Рамковниот договор

Во САД почина Џејмс Пердју, еден од креаторите на Рамковниот договор

Американскиот дипломат кој имаше голема улога во склучувањето на Охридскиот договор од 2001 година, Џејмс Пердју, починал во средата на 77 години, објавија американски медиуми. Причината за смртта не е наведена.

Џејмс Пердју остави неизбришлив белег на Балканот – прво како дел од екипата на прославениот дипломат Ричард Холбрук, а потоа и како американски претставник за Македонија за време на воениот конфликт во 2001 година.

Во кризната 2001, Пердју, како претставник на САД, беше еден од двајцата меѓународни олеснувачи во постигнувањето на Рамковниот договор, заедно со Французинот, Франсоа Леотар, како претставник на ЕУ.

Тој беше еден од архитектите да се осмислат уставните измени. Главна цел на Пердју, како што и самиот кажа, била да се постигне Охридскиот договор и да се изгласа амнестија. Сетоа тоа се исполни.

Пердју во 2002 година стана амбасадор на САД во Бугарија, каде беше на служба три години.

Можете да прочитате

Скопјанец возел со 4,01 промили алкохол во крвта и удрил во две паркирани возила

Кривична пријава за правно и физичко лице од Струмица, го оштетиле државниот буџет за скоро 50.000 евра

Aлександар Пендароски и Мартина Михајлова избрани за зет и невеста на Галичка свадба 2026