Утрински Весник
Свет

Во САД почина Џејмс Пердју, еден од креаторите на Рамковниот договор

Во САД почина Џејмс Пердју, еден од креаторите на Рамковниот договор

Американскиот дипломат кој имаше голема улога во склучувањето на Охридскиот договор во 2001 година, Џејмс Пердју, починал во средата на 77 години, објавија американски медиуми. Причината за смртта не е наведена.

Џејмс Пердју остави неизбришлив белег на Балканот – прво како дел од екипата на прославениот дипломат Ричард Холбрук, а потоа и како американски претставник за Македонија за време на воениот конфликт 2001 година.

Во кризната 2001 година за нашата земја, Пердју, како претставник на САД, беше еден од двајцата меѓународни олеснувачи во постигнувањето на Рамковниот договор, заедно со Французинот Франсоа Леотар, како претставник на ЕУ.

Тој беше еден од архитектите да се осмислат уставните измени. Главна цел на Пердју, како што и самиот кажа, била да се постигне Охридскиот договор и да се изгласа амнестија за албанските теористи. Сетоа тоа се исполни.

Пердју во 2002 година стана амбасадор на САД во Бугарија, каде беше на служба три години.

Можете да прочитате

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел

Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари