Утрински Весник
Свет

Инцидент во Германија: Маж се обидел да запали синагога во германскиот град Улм

Инцидент во Германија: Маж се обидел да запали синагога во германскиот град Улм

Неидентификуван маж се обидел да запали синагога во германскиот град Улм, соопшти градската полиција.

Во соопштението се наведува дека полицијата барала да разговара со сведоците, бидејќи осомничениот побегнал пред нивното доаѓање.

Полицијата истакнува дека мажот бил забележан како истура течност на ѕидот на синагогата и пали оган. Очевидци веднаш повикале пожарникари, кои го изгаснале пожарот за неколку минути.

Луѓето кои се нашле на местото на настанот го опишале осомничениот како човек висок околу еден метар и осумдесет сантиметри, кој носел црна качулка и бела заштитна маска, објавија агенциите.

Не е забележана значителна штета на зградата на синагогата, велат градските власти.

Според полициските извештаи, минатата година во Германија биле регистрирани 2.428 антисемитистички злосторства.

Можете да прочитате

Трамп изјави дека САД „веројатно“ вечерва повторно ќе го нападнат Иран

Макрон утрово во Анкара го започна со трчање

„Можно е да не дојдев“ – Трамп го пофали Ердоган, а жестоко ја критикуваше НАТО Алијансата