Утрински Весник
Свет

Захарова: Да се разговара со Русија од позиција на сила е недозволиво

Захарова: Да се разговара со Русија од позиција на сила е недозволиво

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека е недозволиво да се разговара со Русија од позиција на сила.

Во интервју за „Спутник“, Захарова, коментирајќи ги наводите на некои медиуми дека ЕУ им испратила на САД нацрт заедничка изјава за самитот закажан за 15 јуни, во кој се предлага решителен одговор на непријателското однесување на Русија, рече дека добро е познат односот на Русија кон ЕУ.

„Ние сме за дијалог. И тоа не е обичен дијалог, туку ефикасен дијалог, во неколку насоки и со повеќе елементи. Друга работа е дека тој мора да се заснова на меѓусебно почитување, а не на заканите од Вашингтон кон Брисел, туку на споразум и договори, кои постојат меѓу Русија и Унијата, на меѓународното право, на логиката на заемно корисни односи“, посочи Захарова.

Таа додаде дека Москва јасно посочила оти изјавите дека со Русија треба да се разговара од позиција на сила се недопустливи.

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина