Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Од 8 јуни пратениците се враќаат во главната сала за седници

Од 8 јуни пратениците се враќаат во главната сала за седници
300x250 opst2

По извршениот увид од страна на претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски и претставници од Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство, Собранието од 8 јуни ќе ги одржува пленарните седници во главната сала „Македонија”, согласно одобрениот протокол, информираат од Кабинетот на претседателот на парламентот, Талат Џафери.

Од таму додаваат дека за новинари ќе биде дозволен влез во галеријата на салата „Македонија“ во ограничен број, односно вкупно 17 претставници на медиумите ќе може да ја следат седницата од галеријата и истите ќе може да седат на означени седишта, почитувајќи соодветно растојание.

Влезот во пленарната сала ќе биде дозволен за новинари кои што ќе приложат доказ за извршена целосна вакцинација против Ковид-19.

Согласно протоколот, за време на целокупниот престој и движење во Собранието, задолжително ќе биде носење на заштитна маска, а на влезовите во Собранието останува обврската за примена на средство за дезинфекција и мерење на температура.

Ресторанот на Собранието лоциран во сутеренот, ќе биде отворен само за пратеници, додека Клубот за пратеници останува затворен, информираат од Кабинетот на Џафери.

Џафери, претходно најави дека од јуни седниците ќе почнат да се одржуваат во старата пленарна сала, која, поради ситуацијата со Ковид-19, не е во функција од август минатата година.

Можете да прочитате

Мартин од домашен притвор до бегство и смрт со експлозив во Белград

Серија инциденти меѓу ученици во Скопје – полицијата со три нови случаи на насилство

Ограбен турски државјанин на Автобуската станица во Скопје