Утрински Весник
Спорт

Разиграните „аѕури“ ја растурија Чешка

Разиграните „аѕури“ ја растурија Чешка

Италија имаше совршена подготовка за Европското првенство, откако на „Ренато Дел’Ара“ со фантастични 4:0 ја совладаа Чешка. Словенија, пак, по ремито со Македонија ги начека Гибралтар за 6:0 победа, додека Исланд во финишот на мечот стигна до 1:0 победа над Фарските Острови.

Чиро Имобиле ги донесе Италијанците во водство во 23. минута, пред Николо Барела во 42. минута да зголеми на 2:0. Во второто полувреме, по низата замени во двата тима, Лоренцо Инсиње во 66. минута зголеми на 3:0, пред Доменико Берарди да го комплетира триумфот во 73. минута. Ова ќе биде единствен подготвителен меч на Италијанците пред ЕП, каде што се во група со Турција, Швајцарија и Велс.

ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧЕВИ

Италија – Чешка 4:0

Словенија – Гибралтар 6:0

Фарски Острови – Исланд 0:1

Унгарија – Кипар 1:0

> Разиграните „аѕури“ ја растурија Чешка <

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ