Томас Тухел го продолжи договорот со Челси.
Роман Абрамович, газдата на Челси, реше да го награди тренерот за одличните резултати кои ги постигна со тимот откако го презеде на почетокот на годината.
Тухел со Челси ја освои титулата во Лигата на шампионите, а во Премиер лигата, го освои четвртото место.
Германскиот тренер се обврзал да остане во челси до 2024 година. Клубот не ги соопшти финансиските детали во новиот договор на Тухел.
> Тухел го продолжи договорот со Челси <