Утрински Весник
Македонија

Османи на консултација со млади аналитичари за изработка на Стратегијата за надворешна политика

Османи на консултација со млади аналитичари за изработка на Стратегијата за надворешна политика

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на проектот „Рефлексија 2030” денес оствари средба со млади професионалци, аналитичари од различни тинк-тенкови и организации во земјава со цел размена на мислења и отворање на дискусија за улогата на младите во изработката и имплементацијата на Стратегијата за надворешна политика.

Со тоа и официјално започна реализација на првиот столб на РЕФЛЕКСИЈА 2030, или широките граѓански консултации со заинтересираната јавност.

„Денешниот настан е првиот во серијата настани после инаугурацијата на Стратешкиот совет за надворешна политика, што само по себе зборува за важноста што ја придаваме на сегментот млади истражувачи и на амбицијата за нивно засилено вклучување во процесите на креирање на политики и носење на одлуки“, истакна министерот Османи, додавајќи дека придонесот на младите од тинк-тенк заедницата ќе биде од огромно значење во утврдување на приоритетните цели на Стратегијата и нивната реализација.

Можете да прочитате

Камионот што ја предизвика трагедијата на обиколницата влегол регуларно преку „Блаце“

Томовски: Претседателката веќе не живее во дивоградба – државните вили се легализирани

Томовски: Протекува покривот, канцеларии не се кречени 50 години – следува целосна санација на МРТВ и нови гаража за 500 возила