Утрински Весник
Свет

Грција започна со вакцинација против Ковид-19 во бегалските кампови

Грција започна со вакцинација против Ковид-19 во бегалските кампови
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Барателите на азил во Грција денеска застанаа во ред за да добијат вакцина против коронавирус, бидејќи грчките власти дадоа дозвола за вакцинација на мигрантите во бегалските кампови.

Владата, која започна да ја вакцинира пошироката јавност во јануари, беше критикувана од групите за заштита на човековите права поради бавното вклучување на барателите на азил во програмата за имунизација, кои се изложени на ризик во пренатрупаните кампови каде санитарните услови се слаби, а физичкото растојание е речиси невозможно.

Околу 12.100 баратели на азил престојуваат на пет грчки острови во близина на Турција, а околу 9.400 од нив живеат во официјални бегалски кампови, според Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Денеска вакцинацијата започна на островите Лезбос, Хиос и Самос со единечна доза од вакцината на „Џонсон енд Џонсон“, изјави Анастасиос Чацис, службеник од Националната организација за јавно здравје.

„Имаме вакцини, имаме персонал, расположението е позитивно“, порача Чацис од Лезбос. „Пред нас е долг, но добар пат и се надеваме дека сè ќе помине добро“.

Никос Бабакос, шеф на бегалскиот камп во Лезбос, вели дека таму ќе се вршат вакцинации за да не се оптоваруваат здравствените услуги на островот.

„Продолжуваме да ги информираме луѓето за да можеме да вакцинираме што повеќе од нив“, додаде тој.

Околу 15 проценти од луѓето во камповите досега изразиле интерес за вакцинирање, а околу 30 отсто веќе се опоравиле од Ковид-19, изјави за атинската новинска агенција генералниот секретар на Миностерството за миграција, Манос Логотетис.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп