Утрински Весник
Свет

Русија со намера да го заврши Северен тек 2 до крајот на годинава

Русија со намера да го заврши Северен тек 2 до крајот на годинава

Русија очекува довршување на гасоводот преку Балтичкото Море, Северен тек 2, до крајот на годината, изјави денеска рускиот вицепремиер Александер Новак.

Работата на руско-германскиот гасовод е во тек, рече Новак на маргините на економскиот форум во Санкт Петербург.

„Операторот со компаниите кои учествуваат во проектот ја продолжува неговата имплементација. Се надеваме дека работата ќе заврши до крајот на оваа година“, рече Новак.

На гасоводот, кој е скоро завршен, континуирано се спротивставуваат американски и европски активисти за заштита на животната средина.

Руските политичари претходно најавуваа дека проектот може да се заврши дури и ова лето.

Можете да прочитате

Лидерката на германската АфД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од шенген

Затворени училишта и канцеларии во Тајван поради обилни дождови во исчекување на тајфунот „Саудел“

Најмалку 30 загинати во одрон на депонија за отпад во главниот град на Гвинеја