Утрински Весник
Економија

(Видео) Тасевска: Инвестиции од 1,6 милијарди евра во патна инфраструктура преку ИПИ 2021-2027

(Видео) Тасевска: Инвестиции од 1,6 милијарди евра во патна инфраструктура преку ИПИ 2021-2027

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев започнува со реализација на Интервентниот план на инвестиции за периодот 2021 – 2027 година, најави пратеничката на СДСМ, Лидија Тасевска.

Според неа, меѓу проектите во Планот се наоѓаат и оние кои со децении се споменува и се најавуваа, но никогаш не почнаа со реализација или останаа заглавени, затоа што како што рече, режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ одлучиле парите на граѓаните да ги трошат на барок, споменици и криминални тендери, наместо да ги вложуваат во она што е важно за граѓаните и државата.

Планот, како што објасни Тасевска, предвидува реализација на низа инфраструктурни проекти изградба и реконструкција на регионални и експресни патишта низ целата држава, но и инвестиции во железницата.

„Подготвена е првата фаза од експресниот пат Штип – Радовиш во вредност 54 милиони евра и ќе биде пуштен кон средината на овој месец, додека продолжува втората фаза која е предвидено да се пушти во употреба до септември 2022 година. Експресниот пат Крупиште- Кочани во вредност од 37 милиони евра, 50% е пуштен во употреба, а сега се реализира делницата Крупиште- Кочани. За експресниот пат Градско-Дреново-Фариш, избрани се изведувачите, очекуваме потпишување на договорите, со што работите на оваа многу значајна делница можат да започнат уште ова лето. Следува реализација на автопатот Скопје – Блаце, во вредност од 120 милиони евра, која ќе го гради македонската компанија „Гранит“. Продолжуваат активностите на железничката пруга Куманово до границата со Бугарија, каде трите фази се во вкупна вредност од 600 милиони, а дел од овие средства се донација од Европскиот инвестициски фонд“, рече пратеничката од СДСМ.

Додаде дека е обезбедена и документација, главен проект и студија на изводливост за железничката пруга Кичево – граница со Албанија, проект вреден 520 милиони евра.

Вредноста на проектите во патната инфраструктура, како што информираше, изнесува околу 1,6 милијарди евра, додека во железничката инфраструктура над 1, 1 милијарди евра, за периодот 2021-2017 година.

„Овој инвестициски циклус, нема за цел да ветува економски чуда, туку фокусирање на нови и веќе познати инвестиции во енергетска инфраструктура, патна и железничка и гасоводна инфраструктура, во отпадот и пречистителните станици, преработувачката индустрија, малопродажбата, јавното здравство, комуналната инфраструктура“, рече Тасевска.

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст