Утрински Весник
Свет

Данска: Бегалците се преместуваат надвор од Европа, данскиот парламент усвои закон

Данска: Бегалците се преместуваат надвор од Европа, данскиот парламент усвои закон

Данскиот парламент денеска со големо мнозинство усвои закон, со кој на оваа земја и се дозволува да ги преместува барателите на азил во земјите надвор од Европа, и покрај повиците на невладините организации и Обединетите нации да се откажат од тие планови.

Предлог-законот ќе и овозможи на Данска да ги премести бегалците кои пристигнуваат на нејзино тло во центрите за азил на партнерска земја, најверојатно надвор од Европа, каде што ќе бидат разгледани случаите на баратели на азил и на оние што бараат заштита во таа земја, пренесува Ројтерс.

„Ако поднесете барање за азил во Данска, знаете дека ќе ве вратат назад во земја надвор од Европа и затоа се надеваме дека луѓето ќе престанат да бараат азил во Данска“, рече портпаролот за имиграција на владината партија.

Богатата скандинавска нација, која се здоби со репутација по својата строга имиграциска политика во изминатата деценија, има декларирана цел да прифати нула баратели на азил и да прифаќа бегалци само според системот на квоти на ООН, анализираат европските гласила.

Данска сè уште не постигнала договор со партнертските држави, но властите велат дека се преговара со неколку земји-кандидати.

Критичарите се загрижени дека планот ќе ги наруши безбедноста и благосостојбата на бегалците и ќе ги загрози нивните човекови права, како и дека ќе и дозволи на Данска да се повлече од своите ЕУ-обврски.

Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) ја повика Данска минатиот месец да не го носи законот, за кој вели дека може да создаде т.н „трка до дното“ доколку и другите европски земји започнат да ја имитираат данската политика.

Можете да прочитате

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“