Утрински Весник
Свет

(Видео) Бразилците удираа по тенџериња протестирајќи за време обраќањето на претседателот Болсонаро

(Видео) Бразилците удираа по тенџериња протестирајќи за време обраќањето на претседателот Болсонаро
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Бразилците во знак на протест излегоа на улиците во неколку градови и удираа по тенџериња кога претседателот Јаир Болсонаро и се обрати на нацијата.

Ова се случи само неколку дена откако демонстрантите излегоа на улиците низ целата земја бесни поради реакцијата на земјата на пандемијата, во која досега животот го изгубиј речиси половина милион луѓе.

Само вчера, речиси 100.000 Бразилци се заразиле со коронавирус и 2.507 починале, според владините податоци. Претходно, Националниот Врховен суд одобри кривична истрага против министерот за животна средина за наводно попречување на полициската истрага за нелегална сеча, наведе „Ројтерс“.

Во синоќешниот телевизиски говор, Болсонаро накратко сумираше некои неодамнешни достигнувања на неговата влада и вети силен економски раст во иднина. Тој исто така рече дека сите Бразилци кои сакаат вакцината ќе можат да ја добијат до крајот на годината.

Во саботата илјадници учествуваа на протести во најмалку 16 градови низ земјата, организирани од левичарски политички партии, синдикати и студентски здруженија. Во Сао Паоло, најголемиот град во Бразил, илјадници маскирани луѓе блокираа една од најголемите авении во градот, носејќи голем балон на кој Болсонаро беше прикажан како вампир.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп