Утрински Весник
Македонија

Утре сончево со температура до 29 степени

Утре претпладне сончево, попладне дожд

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 20 до 29 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.

До сабота времето ќе биде стабилно со пораст на температурата. Во недела попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а во почетокот на наредната седмица се очекува да биде нестабилно на повеќе места.

Можете да прочитате

Македонската и Хрватската царина со заедничка платформа за соработка со бизнис заедницата

Од Собранието порака дека сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска

21-годишник поттикнал малолетник да ја украде картичката на дедо си, па подигнале 156.000 денари