Утрински Весник
Свет

Флери: Швајцарија разгледува можност да го затвори воздушниот простор за време на самитот меѓу Путин и Бајден

Флери: Швајцарија разгледува можност да го затвори воздушниот простор за време на самитот меѓу Путин и Бајден

Швајцарија ја разгледува можноста за затворање на воздушниот простор над Женева за време на самитот на рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Џозеф Бајден.

Ова денеска го изјави портпаролот на швајцарското Министерство за одбрана, Миреј Флери.

“Можно е воздушниот простор да биде затворен и следен. Засега, конечната одлука за ова прашање сè уште не е донесена”, рече Флери, додавајќи дека подготовките продолжуваат.

Покрај затворањето на воздушниот простор, се разгледуваат и мерките за распоредување дополнителни сили за противвоздушна одбрана, како и борбени авиони, со цел поголема безбедност на претседателите.

Предвидено е Путин и Бајден да се состанат во Женева на 16 јуни, што ќе биде прва руско-американска средба по онаа на Доналд Трамп во Хелсинки во јули 2018 година.

Можете да прочитате

Напад во близина на нуклеарната централа Бушер во Иран

Русија ги продава своите златни резерви за да го закрепне својот буџет

САД и Ирак ќе ја „интензивираат соработката“