Утрински Весник
Свет

Чешката полиција бара обвинение за премиерот Бабиш поради наводна злоупотреба на ЕУ фондови

Чешката полиција бара обвинение за премиерот Бабиш поради наводна злоупотреба на ЕУ фондови

Државното обвинителство на Чешка објави дека од полицијата добило предлог за покренување на обвинение против премиерот Андреј Бабиш, поради наводна злоупотреба на европски субвенции.

Полицијата го сомничи Бабиш за привремено одвојување на фарма во близина на Прага од големиот земјоделско-прехранбен холдинг „Агроферт“ во 2007 година, со цел да добие европски средства за мали бизниси.

Бабиќ (66), кој има словачко потекло и е петти најбогат Чех според „Форбс“, негира дека сторил нешто незаконско.

„Документацијата за случајот денес му е предадена на главниот државен обвинител задолжен за надзор, заедно со обвиненителниот предлог на полицијата“, се вели во соопштението на државното обвинителство во Прага.

„Главниот државен обвинител сега ќе ги проучи документите и ќе одлучи дали ќе покрене обвинение, ќе се откаже од гонењето или ќе постапи на друг начин“, се додава во него.

 

Бабиш, поранешен комунист, кој бил соработник на тајната полиција во Чехословачка во 80-тите години на минатиот век, претходно беше цел на Европската комисија поради судир на интереси.

Бабиќ ја предводи владата на малцинската коалиција во која учествуваат неговото популистичко движење АНО и социјалдемократите.

Можете да прочитате

Заедничка изјава на лидерите од ЕУ: Следниот чекор е самит Путин-Трамп-Зеленски

Медведев: Средбата покажа дека преговори се можни без никакви предуслови

Повеќе од 320 мртви во обилните дождови во Пакистан