Утрински Весник
Свет

Во Виетнам расте бројот на заразени, забрана за дојдовни меѓународни летови кон Ханој

Во Виетнам расте бројот на заразени, забрана за дојдовни меѓународни летови кон Ханој

Виетнамските власти денес објавија забрана за дојдовни меѓународни летови кон Ханој и исто така ги заострија рестриктивните мерки во главниот град, откако во изминатиот месец забележано е двојно зголемување на случаите на Ковид-19.

Иако минатата година успешно го потисна ширењето на пандемијата, Виетнам неодамна забележа нагло зголемување на инфекциите. Властите во земјата забележаа уште неколку позаразни видови на вирусот, како британскиот и индискиот.

Прекинот за дојдовни летови во Ханој ќе важи од 1 до 7 јуни. Треба да се напомене дека Виетнам има ограничувања на меѓународните летови од почетокот на пандемијата.

Од денеска, градот Хо Ши Мин (Сајгон) воведува двонеделни мерки кои вклучуваат забрана за јадење во ресторани и јавни собири на повеќе од 10 лица, како и затворање на казината и салоните за убавина. Властите побараа од жителите постари од 60 години да поминуваат што повеќе време дома.

Во Виетнам, земја со 98 милиони жители, досега се пријавени 7.236 инфекции со коронавирус и 47 смртни случаи.

Претставникoт на Светската здравствена организација (СЗО) во Виетнам денеска изјави дека новиот вид идентификуван во земјата е всушност индиска варијанта со мутација која е пронајдена во британскиот вид.

Министерот за здравство Нгуен Тан Лонг викендов предупреди дека оваа новата мутација е многу опасна.

Можете да прочитате

Самитот на НАТО во 2026 година ќе се одржи во Анкара

САД започнуваат со депортација на Украинци

Шпанскиот премиер најави воведување вонредна состојба во подрачјата погодени од пожарите