Утрински Весник
Свет

Во прекуморска операција уапсен внукот на Фетулах Ѓулен

Во прекуморска операција уапсен внукот на Фетулах Ѓулен

Турски агенти во прекуморска операција го уапсиле Селахадин Ѓулен, внук на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен и го довеле во Турција, каде го чека судење, пренесе агенцијата „Анадолија“.

Селахадин Ѓулен, кого Турција го бараше под обвинение дека е припадник на терористичка организација, бил фатен во операција на турската национална разузнавачка агенција МИТ.

Агенцијата додава дека не е познато каде бил фатен или кога бил вратен во Турција, но се претпоставува дека тој живеел во Кенија.

Случајот е последен во низата присилни враќања на луѓе блиски до движењето на Ѓулен, кое турската влада го обвинува за обидот за државен удар во 2016 година, потсетува агенцијата АП.

Ѓулен, кој живее во егзил во Пенсилванија, ги негираше обвинувањата за вмешаност во обидот за пуч.

Можете да прочитате

Летонија со повик до НАТО да ја засили воздушната одбрана на балтичките држави

Трамп праќа војска и во Портланд; „Под опсада е од терористи и од Антифа“

Лавров: Секоја агресија врз Русија ќе биде дочекана со решителен одговор