Утрински Весник
Магазин

Адвокат на Амбер Херд тврди дека таа не е под истрага за лажно сведочење

Адвокат на Амбер Херд тврди дека таа не е под истрага за лажно сведочење

Амбер Херд не е под истрага за лажно сведочење во случајот клевета кој Џони Деп го покрена против неа, соопшти нејзината адвокатка во петокот, додека правната битка на поранешниот пар продолжува.

Адвокатката на 35-годишната Амбер, Елејн Бредехофт, ги негира извештаите дека полицискиот оддел во Лос Анџелес испитува дали таа исценирала повреди и измислила сцена на насилство по наводна расправија меѓу поранешната двојка во мај 2016 година.

„Рокот за застареност на кривичното дело лажно сведочење во Калифорнија е три години и одамна истече, така што невозможно е да се води истрага, или да се покрене обвинение, а уште помалку пресуда или затворска казна,“ рече Бредехофт во текот на првото рочиште во петокот наутро, пренесува „Радар онлајн“.

Во однос на лажните извештаи за наводна истрага, адвокатите на Херд побараа отфрлање на случајот против неа.

Случајот го иницираше нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп (57) кој ја тужи за клевета. Првото рочиште се одржа во Ферфакс, Вирџинија.

Актерката од „Лондон филдс“ ќе се соочи со максимална казна затвор од четири години, доколку биде прогласена виновна за лажно сведочење.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста