Утрински Весник
Свет

Италија за еден месец целосно ќе ги укине мерките

Италија ги попушта мерките, планира да има 30 милиони вакцинирани до крајот на мај

Италијанските власти најавуваат целосно укинување на мерките против коронавирус следниот месец, вклучително и полицискиот час и забраната за гости и во затворените делови на рестораните.

Ефектот е веќе видлив, забележан е бум во резервациите што ги направија Италијанците за 2 јуни, Денот на Републиката, пренесува весникот „Стампа“.

Врз основа на веќе направените резервации во туристички места на море, планина и претежно во структурите на таканаречениот рурален туризам, Федерацијата на сопственици на хотели проценува дека девет милиони Италијанци ќе одат на патување.

Престојот во куќи кои се занимаваат со рурален туризам, а ги има 24.000 во Италија, е многу популарен меѓу Италијанците поради пониските цени, но и фактот дека тие се близу до местото на живеење и можат да бидат добар избор за краток годишен одмор.

Можете да прочитате

“Рајанер” го зголемува дозволениот бесплатен рачен багаж

САД воведоа нови санкции врз Иран и Хезболах

Ужас во Германија: Ги нападнал со секира патниците во воз