Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пуштен во употреба зелениот покрив на Домот на градежници

(Видео) Пуштен во употреба зелениот покрив на Домот на градежници

По одличното искуство со зелените површини на Градскиот трговски центар, во употреба е пуштен вториот зелен покрив во строгиот центар на градот, на Домот на културата „Кочо Рацин“, попознат како Дом на градежници, изјави Горан Герасимовски, претседател на Општинска организација СДСМ-Центар.

На површина од речиси 400 квадратни метри се засадени над 30 различни видови садници – дрва, средно и ниско зеленило кое е функционално распоредено, тревна површина и вертикално ѕидно зеленило, а поставени се и клупи и канделабри.

„ На ова ново зелено катче во центарот на градот, летно време планирано е да се организира мини отворено кино, со што ќе им се вратат спомените на постарите генерации скопјани. Зелените покриви носат и придобивки,ја намалуваат температурата на самиот покрив и на околината, со што се намалува потребата од трошење за електрична енергија за ладење на околните објекти.

Проектот за изградба за зелениот покрив на Домот на градежници изнесува 18 милиони денари и истиот е финансиран од буџетот на Град Скопје.Проектот е имплементиран во соработка и со поддршка на УНДП, а Кралството Холандија го донираше муралот кој што го облагороди изгледот на овој објект“ истакна Герасимовски.

Можете да прочитате

Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз – Костадинов нема да се кандидира како независен за Струмица

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР

Стефан Лазаров за скандалозниот предлог данок на Мицкоски: Со вакви услови за живот само ќе ги натерате младите кои не се во брак побрзо да си заминат од Македонија