Утрински Весник
Македонија

Поради градежни работи, в понеделник целосно ќе биде затворена улицата кај Билна аптека

Поради градежни работи, в понеделник целосно ќе биде затворена улицата кај Билна аптека

Општина Центар ги информира граѓаните и сите учесници во сообраќајот дека в понеделник, 31 мај, ќе започне втората фаза од проектот за реконструкција на коловозните и на пешачките патеки на кракот на улицата „11 Октомври“.

Поради изведбата на градежните активности целосно ќе бидат затворени пристапната улица кај Билна аптека и кај двете резидентни паркиралишта во периодот од 7:00 до 16:00 часот.

„ Со претходно изведените градежни активности се уредуваше долниот строј и беше направена демонтажа на старите рабници и постојните бехатон елементи, а во втората фаза ќе биде поставена нова асфалтна површина, нови рабници и нови тротоари на пристапната улица кај Билна аптека и кај паркинг-просторот околу зградите“ велат од општината.

Проектот опфаќа реконструкција на површина од 2.000 квадратни метри, а планирани се 2.212.477 денари од Буџетот на Општина Центар за 2021 година.

Од општината апелираат до граѓаните и до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни поради изведбата на градежните активности.

Можете да прочитате

СДСМ: Бојан Стојановски нека гласа за минимална плата од 500 евра, наместо да шири лаги за Филипче

ЦУК информира за 12 регистрирани пожари на отворен простор, од кои четири се активни

Димитриеска Кочоска: По подолг период економијата закрепнува, при што во првиот квартал растот од 3% е еден од највисоките во Европа и регионот