Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи дополнителни национални отстапки со Бугарија

(Видео) Мицкоски: Смислуваат 300 варијации само да не го споменат името Македонија, жално е за гледање

Ако оптимизмот на Пендаровски се должи на дополнителни национални отстапки со Бугарија, ги предупредувам и него и Заев дека ВМРО-ДПМНЕ таква работа нема да поддржи и веднаш по формирањето на новата влада тој договор ќе биде напуштен, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во Охрид на настан кој го организираше неговата партија заедно со фондацијата Конрад Аденауер.

Мицкоски очекува по враќањето на претседателот Стево Пендаровски од Рим, во духот на добрите односи, како што рече, да биде повикан и информиран за разговорите со бугарскиот претседател Румен Радев и на што се должи оптимизмот.

„Ако оптимизмот се должи на дополнителни национални отстапки, тогаш мојата порака и до Пендаровски и до Заев и до останатите политичари е дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи и да не им паѓа на памет ниту една реченица која може да биде сфатена двосмислено, а која ќе значи национални отстапки и национални концесии за македонскиот народ и Македонија. ВМРО-ДПМНЕ, таквиот договор нема да го поддржи и веднаш по формирањето на новата влада таков договор нема намера да почитува. Ги предупредувам политичарите кои преговараат за дополнителни отстапки на грбот на македонскиот народ и држава ние немаме намера да ги поддржиме и по промена на власт таквиот договор ќе биде напуштен“, потенцира Мицкоски.

„Не го разбирам потегот на водството на претходната бугарска влада да ја блокира Македонија, притоа поставувајќи услови кои во најголем дел се однесуваат на 19-ти век и немаат никаква врска со европските вредности и со иднината на двете држави, на Македонија и Бугарија. Никогаш не можев да помислам дека некој некого може да блокира поради прашања кои се од 19-ти век, а ние се бориме за 21-ви век. Еве денеска и утре ќе зборуваме за дигитализација, за животна средина, за вештачка интелигенција, за роботика. Јас навистина сум шокиран од тоа што и се случува на Македонија и тоа од соседот кој треба да е наш најголем поддржувач“, истакна Мицкоски.

Можете да прочитате

“Правдата избега” е најсоодветен термин за трибина на ДПМНЕ по бегството на Груби

ВЛЕН: Здравството со ДУИ беше тортура за граѓаните

За осум часа на ГП Табановце влегле над 26.500 лица, од нив скоро 20.000 македонски државјани