Утрински Весник
Свет

Напаѓачот што прободе полицајка во Франција бил ментално болен и радикализиран

Напаѓачот што прободе полицајка во Франција бил ментално болен и радикализиран

Напаѓачот кој денеска сериозно повреди полицајка во северозападна Франција бил ментално болен и радикализиран, објави француското Министерство за внатрешни работи.

Осомничениот, 40-годишен француски државјанин, се лекувал од тешка шизофренија. Покрај тоа, тој бил регистриран во терористичка база, изјави министерот Џералд Дарманин, додавајќи дека осомничениот строго го следел исламот и веќе бил агресивен кон безбедносните сили.

Напаѓачот е убиен во престрелка со полицијата додека безбедносните служби се обидувале да го уапсат, откако со нож нападнал полицајка во станица во малиот град Ла Шапел-сур-Ердре.

Можете да прочитате

Кремљ го отфрла прекинот на огнот, сака долгорочен мировен договор

Ураган го погоди Мексико, се очекуваат катастрофални последици“

Песков го поддржува повикот на Трамп за смена на Зеленски. „Тој не покажува политичка волја“