Утрински Весник
Македонија

Коалицијата на Села и Гаши смета дека е незаконски српските државјани да се ослободат од патарина

Коалицијата на Села и Гаши смета дека е незаконски српските државјани да се ослободат од патарина
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива денес пред Уставниот Суд поднесе иницијатива за проценка на законитоста на одлуката на Владата, со која граѓаните на Србија летово се ослободуваат од патарини.

Правниот претставник на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, адвокатот Абидин Абдули, откако ја поднесе иницијативата до Уставниот Суд, изјави дека секоја одлука на Владата треба да биде во согласност со позитивните закони на земјата.

„Наведената одлука е во спротивност со законот за уплата на патарините и во исто време ги става во нееднаква положба странските граѓани на соседните држави коишто транзитираат преку Северна Македонија“, посочи Абдули.

Минатиот месец, владата соопшти дека српските граѓани од 15 јуни до 15 август ќе бидат ослободени од патарини во земјава, во знак на благодарност за донациите во вакцини.

Можете да прочитате

Филипче: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Вонреден инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија по случајот со починато бебе