Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ: Каква сила би била Југославија во спортот

Ѓоковиќ: Каква сила би била Југославија во спортот

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ се приклучи на „фантазирањето“ за спортската сила на поранешна Југославија, одговарајќи на прашања за кошарка по неговата победа во четврт-финалето на Белград опен.

„Мислам дека во моментов ги имаме најдобрите кошаркари на светот и дека би можеле да им парираме на Американците. Васа Мициќ доби МВП награда за Евролигата, Јокиќ би требало да ја добие во НБА. Тука се и Дончиќ, двајцата Богдановиќ. Многу други спортисти од поранешна Југославија. Фантазирам како би изгледало да играме заедно, не само во кошарка. Мислам дека тоа би бил најсилниот тим на светот“, вели Ѓоковиќ.

> Ѓоковиќ: Каква сила би била Југославија во спортот <

Можете да прочитате

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона

Вардар ја пречекува Висла во обид да дојде до првите бодови сезонава во ЛШ