Утрински Весник
Спорт

УЕФА планира фајнал фор завршница во Лигата на шампионите

УЕФА планира фајнал фор завршница во Лигата на шампионите

Американскиот „Њујорк тајмс“ тврди дека УЕФА сериозно ја размислува опцијата за менување на форматот на Лигата на шампионите со фајнал фор во еден град, налик како што се одвиваше завршницата минатата сезона поради корона вирусот.

Минатото лето, УЕФА организираше фајнал ејт турнир во Лисабон поради ограничувањата за патување поради корона вирусот, и се играше само по еден меч, наместо вообичаено два меча во четврт-финалето и полуфиналето.

Според информациите на „Њујорк тајмс“, ќе се работи за фајнал фор турнир во еден град во мечеви кои ќе се играат во една недела, откако минатата сезона имаше фантастична гледаност на сите мечеви.

Ова не единствена новина која ја подготвува УЕФА, како менувањето на правилото за предност со гол во гости во ситуации кога гол-разликата е идентична.

> УЕФА планира фајнал фор завршница во Лигата на шампионите <

Можете да прочитате

Страшна повреда на Ајви, противнички играч плачеше на теренот

Герасимовски покажа како ќе изгледа новата сала Работнички: Го враќаме домот на македонската кошарка, работиме во полн ек

Јокиќ со историски трипл-дабл ја уништи Атланта