Утрински Весник
Свет

Во Србија стигна последната пратка со кинески вакцини од „Синофарм“

Министерството за здравство ќе ги објави цените на кинеските вакцини
Dik 300x250 mk

На аеродромот во Белград „Никола Тесла“ утрово пристигна последната пратка со половина милион дози од кинеската вакцина на „Синофарм“.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека последната испорака на „Синофарм“ според договорот пристигнала утрово, што е вкупно четири милиони дози на вакцини купени од Кина и испорачани со осум летови од јануари до сега.

„Благодарение на оваа сериозност на кинеските партнери, достигнавме 45 проценти вакцинирани од возрасната популација. Но, тоа не е доволно за колективен имунитет“, рече Брнабиќ и ги повика младите да се вакцинираат што е можно побрзо за да се стави крај на пандемијата што е можно поскоро.

„Ние сме исто така благодарни што тие направија многу повеќе од договореното и што доставија четири милиони дози вакцини во најкус можен рок. Кинеската армија испрати 200.000 дози, така што добивме вкупно 4.200.000 дози вакцини ‘Синофарм’“, истакна Брнабиќ.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа