Утрински Весник
Македонија

Јовески и Русковска на средби во бугарското обвинителство

Јовески и Русковска на средби во бугарското обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска во Софија се сретнаа со Главниот обвинител на Обвинителството на Република Бугарија Иван Гешев.

Двете страни на средбата ги разгледаа прашањата од заемен интерес, особено поврзани со соработката во кривичните постапки и во борбата против организираниот криминал.

Јовески и Русковска во Софија учествуваат на меѓународната конференција „Заштита на еврото во Бугарија, земјите од Југоисточна Европа и балканскиот регион – постигнувања и предизвици пред правосудните органи“, која е организирана во рамките на проект со финансиска поддршка од Европската комисија преку програмата „Перикле 2020“.

Јавните обвинителства на Република Северна Македонија и на Република Бугарија имаат потпишано Спогодба за соработка во 2015 година, со која се предвидува зајакнување на контактите меѓу македонските и бугарските обвинители, како и соработка во сите области од обвинителското постапување.

Можете да прочитате

Ивановски: Филипче е врвен неврохирург, но не се снајде како претседател на СДСМ

Заштитете се од комарци, потврдени два случаи на западнонилска треска во Македонија

Мицкоски: Ќе има секретар за добро владеење, но тоа нема да биде Димовски