Во дворот на кинотечното летно кино „Мирно лето“ вчера на режисерот Коле Манев и на монтажерот Спасе Тасевски им беа врачени годинешните „Златни објективи“. Манев и Тасевски добија пригодни плакети и стилизирани значки.
Признанието „Златен објектив“ се доделува на филмски работници кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија.
Управниот одбор на Кинотека, во состав Томислав Османли – претседател, Љупчо Коскаров, Влатко Галевски, Атанас Чупоски и Арсим Лесковица, ги избраа Коле Манев и Спасе Тасевски за годинешни добитници на признанието „Златен објектив“. Овие признанија Кинотеката на РС Македонија ги доделува секоја година по повод својот роденден, датумот на донесување на Законот за основање на Кинотеката на Македонија – 29 април, 1974 година.
Во чест на лауреатите во кино-салата беше прикажан филмот „Мост“ на Коле Манев.
Текстот Доделени признанијата „Златни објективи“ е превземен од МАКФАКС.