Утрински Весник
Спорт

Вилјареал со титулата од Лига Европа по 11 пенал серии – трагичар на Јунајтед е Де Хеа!

Вилјареал со титулата од Лига Европа по 11 пенал серии – трагичар на Јунајтед е Де Хеа!

Вилјареал ја освои својата прва европска титула, трофејот од Лига Европа, откако во дождливиот Гдањск по луда пенал завршница со 11 серии, успеа да го совлада Манчестер јунајтед со 11:10 откако регуларниот меч заврши 1:1.

Во игра на нерви со навивачите на двата клуба, десет пати фудбалерите на двата тима беа прецизни од белата точка, пред да дојде ред на голманите – Рули прво лесно го совлада Давид де Хеа, пред Де Ха да упати млак удар и да го прати трофејот кон Шпанија.

Ова е фантастична четврта титула од Лига Европа за тренерот на Вилјареал, Унаи Емери во историска сезона за нив, додека од друга страна Оле Гунар Солскјер останува без титула како тренер на „ѓаволите“ точно 22 години откако тој го совлада Баерн Минхен во финалето на ЛШ во 1999 година.

Во регуларните 90 минути, и во 30-те минути од продолженијата не видовме многу квалитетен фудбал. Јунајтед имаше повеќе од топката во текот на целиот меч, но без многу корист од тоа.

Вилјареал први дојдоа во водство во 29. минута од мечот, кога по еден слободен удар на Дани Парехо, фантастичниот Жерард Морено се најде на вистинското место за да го совлада Давид де Хеа, откако одбраната на „ѓаволите“ му го дозволи тоа. Премиерлигашот влезе поостро на стартот на второто полувреме, играјќи повеќе на половината на шпанскиот клуб, и тоа резултираше со малку среќа во 55. минута, Единсон Кавани да израмни на 1:1.

Притисокот на „ѓаволите“ продолжи, и најдобра шанса во 70. минута имаше Маркус Рашфорд, но се посрамоти кога излезе сам пред голот на Вилјареал, кои својот прв удар на голот во второто полувреме го имаа во последните 15 минути. Двете продолженија беа уште послаби, со малку желба да се тргне во победа, чекајќи го изведувањето на пеналите.

> Вилјареал со титулата од Лига Европа по 11 пенал серии – трагичар на Јунајтед е Де Хеа! <

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ