Утрински Весник
Спорт

Интер и Конте и официјално „раскинаа“

Интер и Конте и официјално „раскинаа“
Dik 300x250 mk

Интер и официјално потврдија дека го раскинале договорот на тренерот Антонио Конте со взаемна согласност (наводно за 7 милиони евра отштета), откако во неделата го кренаа трофејот од Серија А по една деценија.

Финансиските проблеми во клубот предизвикаа газдите „Сунинг“ да објават намалување на трошоците во клубот, нешто што не му се допаѓаше на Конте.

„Интернационале Милано потврдува дека е направен договор со Антонио Конте за прекинување на неговиот договор со взаемна согласност. Клубот сака да му се заблагодари на Антонио за фантастичната работа која ја заврши која кулминираше со 19-тата титула на Интер. Антонио Конте засекогаш ќе остане дел од историјата на нашиот клуб“, се вели во објавата на Интер.

Според весникот „Ла република“, договорено е Конте да не се приклучи на друг клуб од Серија А следната сезона, но тој нема да ги добие 21 милиони евра кои ми следуваа за следната сезона. Конте го замени Лучано Спалети во 2019 година, и во првата сезона играше со клубот во финалето на Лига Европа, пред да го освои скудетото во втората сезона.

За неговите услуги се заинтересирани Тотенхем, Барселона и Реал Мадрид.

> Интер и Конте и официјално „раскинаа“ <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Торино

Вардар се врати на првото место на табелата

Ѓоковиќ ја освои 101та титула