Утрински Весник
Спорт

Ангеловски до Барди: Без тебе не тргнуваме за Букурешт!

Ангеловски до Барди: Без тебе не тргнуваме за Букурешт!

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски по веста дека играчот од средниот ред во селекцијата – првотимецот на шпански Леванте, Енис Барди е позитивен на коронавирусот на социјалните мрежи упати поддршка.

Веднаш штом стигнал во Скопје, Барди бил подложен на ПЦР тест кој покажал дека е заразен со вирусот, па ќе мора да биде во изолација одреден период и ќе пропушти дел од подготовките со репрезентацијата кои започнуваат со првиот тренинг попладнево.

„Сите сме со тебе Енис Барди. Без тебе не тргнуваме за Букурешт“ – напиша селекторот Ангеловски на социјалните мрежи и прикачи фотографија на која се тој и креативецот кој е мајстор за слободни удари во нашата селекција.

Од сите репрезентативци кои вчера го имаа првиот собир, само Барди е позитивен на Ковид 19. Веднаш е ставен во изолација и ќе биде под постојан лекарски надзор.

Репрезентацијата на Македонија за Букурешт заминува на 8. јуни, а претходно планирано е како подготовка да се одиграат два тест меча со Словенија и Казахстан во Скопје.

Прогнозите се дека Барди ќе биде подготвен за првиот предизвик на Македонија на ЕП.

> Ангеловски до Барди: Без тебе не тргнуваме за Букурешт! <

Можете да прочитате

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона

Вардар ја пречекува Висла во обид да дојде до првите бодови сезонава во ЛШ