Утрински Весник
Свет

Чешката амбасада во Москва отпуштa 79 вработени Руси

Чешката амбасада во Москва отпуштa 79 вработени Руси

Чешката амбасада во Москва ќе отпушти 79 руски државјани до крајот на мај, изјави портпаролката на чешкото Министерство за надворешни работи, Ева Давидова.

„До 21 мај, 71 вработен во чешката амбасада во Москва беа известени за престанок на работниот однос“, рече таа, пренесе ТАСС.

„Се очекува на крајот на мај да бидат отпуштени уште осум вработени. Затоа, вкупниот број е 79“, додаде Давидова.

Меѓу нив има и вработени во Чешкиот дом во Москва, кој служи како културен центар на земјата во рускиот главен град.

Хотелот и ресторанот на чешката кујна ќе бидат затворени поради недостаток на персонал.

Претходно, Русија и Чешка се согласија да го усогласат бројот на нивниот персонал во дипломатските мисии во главните градови на двете земји.

Секоја амбасада ќе има седум дипломати и 25 административни и технички службеници.

На 17 април премиерот на Чешка, Андреј Бабиш, објави дека Прага се сомнева дека руските разузнавачки служби се одговорни за експлозијата во складиштето за муниција во селото Врбјетице во 2014 година.

Истиот ден, Чешка протера 18 руски дипломати.

Следниот ден, Русија прогласи 20 лица вработени во Чешката амбасада за персона нон грата.

После тоа, Министерството за надворешни работи на Чешка одлучи да го изедначи бројот на вработени во Руската амбасада во Прага до крајот на мај со бројот на вработени во Чешката амбасада во Русија, што значи дека околу 70 вработени во Руската амбасада треба да ја напуштат Прага.

Во знак на солидарност со Прага, руските дипломати ги протераа и Словачка, Литванија, Летонија и Естонија.

Можете да прочитате

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата

Руската армија незапирливо напредува: паднаа уште две важни места на рутата Донецк