Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Карантин само за патниците од Индија

Карантин само за патниците од Индија
Img 7972

Задолжителен 14-дневен карантин отсега ќе има само за патниците од Индија, одлучи Владата на денешната седница. Ова значи дека се укинува карантинот за патниците од Африка и од Бразил.

„Владата донесе Одлука за престанување на важноста на мерката со која сите домашни и странски физички лица – патници од земјите од Африканскиот континент и Федеративната Република Бразил, кои влегуваат на граничните премини на територијата на Република Северна Македонија, задолжително да се упатуваат во 14-дневна изолација (карантин) односно оваа мерка да продолжи да се применува само за странски физички лица – патници од Република Индија“, соопшти Владата.

Во врска со епидемијата, на седницата, министерот за здравство Венко Филипче, информирал дека бројот на дијагностицирани и хоспитализирани лица е намален и следствено на тоа се затворени дел од Ковид-центрите.

Во однос на постапката за масовна вакцинација на населението, Филипче информирал дека процесот на набавка на вакцини и вакцинација на населението се одвива добро, најавувајќи отворање на два дополнителни пункта за имунизација во Велес и Прилеп.

Можете да прочитате

СДСМ: Власта е уплашена и нервозна, искршени стакла на изборниот штаб на СДСМ во Градско

Движењето ЗНАМ – прва партија со AI-платформа за директен дијалог со граѓаните, „ZnamGPT: Прашај го градоначалникот“

Двајца македонски државјани се приведени со непријавени пари на аеродромот во Тирана