Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Негативен е тестот за дрога на победниците на Евровизија

Негативен е тестот за дрога на победниците на Евровизија
300x250 opst2

Негативен е тестот за дрога на пејачот Дамијано Давид – фронтмен на „Мансекин“, италијанска рок-група која победи на Евровизија, соопшти Европската радиодифузна унија (ЕБУ).

„По обвинувањата за употреба на дрога во Зелената соба на големото финале на Евровизија во саботата, ЕБУ како што побара италијанската делегација, изврши темелно разгледување на фактите, вклучително и проверка на сите достапни снимки . Доброволно беше спроведен тест за дрога од страна на главниот пејач на групата ‘Менескин’, а резултатот е негативен“, соопшти ЕБУ.

Европската радиодифузна унија заклучи дека со оглед на тоа што не се користела дрога во Зелената соба, случајот го сметаат за затворен.

„Вознемирени сме што неточните шпекулации кои создадоа лажни вести го засенија духот и исходот од изборот и имаа нефер влијание врз групата. Уште еднаш им честитаме на ‘Мансекин’и им пожелуваме огромен успех“, соопшти ЕБУ.

Обвинувањата за консумација на дрога се појавија поради кадар од ТВ-преносот, каде што пејачот се наведнува кон масата и изгледа како да шмрка кокаин, меѓутоа не се гледа дрогата. Прашан за случајот, тој одговори дека се наведнал оти еден од членовите на бендот скршил чаша крај неговите нозе.

Претходно денеска, за Италијанските медиуми пејачот изјави дека не е толку глупав за да користи дрога пред камера.

Можете да прочитате

Едноставна вежба открива многу: ако можете да ја направите по 45-годишна возраст вие сте во одлична форма

Пет навики што покажуваат дали сте на вистинскиот пат како родител

Дали „бјути слип“ е само мит или навистина треба да си легнуваме на време