Утрински Весник
Македонија

163 сообраќајни прекршоци во Скопје, 82 за брзо возење

163 сообраќајни прекршоци во Скопје, 82 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 82 санкции, 12 за возење без возачка дозвола, четири прекршока што ги чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, 33 санкции за непрописно паркирање, три санкции за минување на црвено светло.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. MВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Можете да прочитате

OSAC 2026: Македонија и Албанија – различни безбедносни ризици, исти структурни предизвици

Лекот „Фостер“ повторно ќе се зема по стара цена

Скопјанец возел „мртов пијан“ сред бел ден и направил сообраќајка