Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Македонија меѓу земјите со најголем отпор за вакцинација против коронавирус

Македонија меѓу земјите со најголем отпор за вакцинација против коронавирус
Dik 300x250 mk

Дел од балканските држави, меѓу кои и Македонија се најдоа на листата на држави во кои над 50 проценти од возрасните граѓани се изјасниле дека не сакаат да се вакцинираат против коронавирус.

Според податоците, вкупно 53 проценти не сакаат да ја примат вакцината против Ковид-19, покажува анкетата на „Галуп“.

Македонија заедно со Чешка е на деветтото место во светот на ниво на земји каде граѓаните рекле „не“ за вакцинацијата.  Поголем отпор за вакцинација, помеѓу балканските држави покажуваат Косово со 56 отсто, понатаму Босна и Херцеговина и Бугарија 61 отсто.

Според анкетата што ја спроведе „Галуп“, во Македонија, 35 проценти од возрасното население покажале подготвеност за вакцинација. Речиси идентична стапка имаат и другите балкански држави: Србија 35, Албанија 34, Црна Гора 33, Косово 32, БиХ 30 проценти.

Глобално, вакцината доколку е достапна и бесплатна, би ја примиле 68 проценти од возрасните ширум светот. Сепак, во повеќето земји процентот е под 70-90, што според експертите е неопходното ниво на имунизација за да се постигне колективен имунитет.

Подготвеноста на луѓето да примат вакцина варира од земја до земја, од високи 96 проценти во Мјанмар до ниски 25 проценти во Казахстан.

 

 

Можете да прочитате

Филипче: Владата на Мицкоски ја води државата во економски амбис, буџетска дупка од 1,4 милијарди евра

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени