Утрински Весник
Свет

ЕМА ја ограничи употребата на вакцината на „Астразенека“: нема втора доза по појава на тромбоза

ЕМА ја ограничи употребата на вакцината на „Астразенека“: нема втора доза по појава на тромбоза
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска објави дека вакцината на против Ковид-19 на „Астразенека“ не треба да се дава на секој што имал згрутчување на крвта и низок број на тромбоцити по првата доза.

Регулаторното тело за здравство на ЕУ препорача и сите оние кои се имунизирани со вакцина на „Астразенека“ да бидат под медицински надзор три недели од вакцинацијата поради можни несакани ефекти, пренесува „Ројтерс“.

ЕМА ги даде овие препораки по тековните извештаи за ретки, но сериозни појави на крвно згрутчување, кои најверојатно се поврзани со имунизација со оваа, но и вакцината на „Џонсон и Џонсон“.

Можете да прочитате

Се урна приватен авион во Северна Каролина

САД предлагаат забрана за интервенции за промена на пол кај деца

ЕУ бара договор за финансирање на Украина со замрзнати руски средства