Утрински Весник
Спорт

Вашинготн преку Индијана до место плеј-офот

Барса на Меси му нуди 10-годишен договор

Кошаркарите на Вашингтон Визардс изборија пласман во плеј-офот. Визардси во директниот дуел, во плеј-ин, против Индијана Пејсерс, забележаа победа 142:115. Во првото коло противник на Вашинготн ќе биде најдобриот тим во Источната конференција, во регуларниот дел од сезоната, Филаделфија Севентисиксерс.

Визардс, предводени од најдобрите играчи, Бредли Бил и Расел Вестбрук, ги декласираа Пејсерси. Бил постигна 25 поени, Вестбрук забележа 18 поени, 13 скокови и осум асистенции.

Кај Индијана Малком Бронгдон постигна 24 поени, а Домантас Сабонис забележа трипл-дабл од 19 поени, 11 скокови и 10 асистенции.

Индијана Пејсерс прв пат по шест сезони нема да играат во плеј-офот.



> Вашинготн преку Индијана до место плеј-офот <

Можете да прочитате

Реал без Факундо Кампацо против Партизан

Канатларовски: Секој повик во репрезентацијата сам по себе претставува голем мотив

Манев: Не потценуваме никого, но и ние ја гледаме нашата шанса