Нант на македонскиот капитен и селектор, Кирил Лазаров, им се приклучи на Пари Сен-Жермен и Алборг на фајналфор-турнирот во ЕХФ Лигата на шампионите откако во драматичен финиш успеа да изддржи за ХХХ пораз од Веспрем во Унгарија, доволен за пласман на шоуто во Келн.
Нант имаше четири гола предност од првиот меч (33:29) и во текот на целиот меч не дозволи унгарскиот гигант да се доближи до посакуваната предност почнувајќи со 2:5 водство пред Унгарците на полувремето да имат три гола предност (18:15). Во финишот на мечот, во 52. минута, Веспрем стигна до три гола предност (31:28), но Нант со головите на Гурбиндо и Лазаров осигури пласман на францускиот клуб.
Лазаров заврши со четири гола за Нант за кои најефикасен беше Давид Балагер со пет гола, а кај Веспрем, Петар Ненадиќ имаше седум гола, додека Дејан Манасков постигна два гола.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ, ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ, 2. МЕЧ
Веспрем – Нант 32:30 (18:15), прв меч 28:32
Барселона – Мешков Брест 20.45 ч, прв меч 29:33
ВЧЕРА:
Пари Сен-Жермен – Кил 34:28 (16:15), прв меч 29:31
Флензбург – Алборг 33:29 (14:16), прв меч 21:26
> ЛШ: Нант и Лазаров издржаа во унгарската драма и влегоа на Ф4 <