Утрински Весник
Спорт

Пелистер го совлада Вардар, но „црвено-црните“ поблиску до титулата

Пелистер го совлада Вардар, но „црвено-црните“ поблиску до титулата

Еурофарм Пелистер стигна до импресивна 29:25 победа над лутиот ривал Вардар 1961, но тоа, најверојатно, нема да биде доволно за титула доколку шампионот не потфрли во финишот на првенството откако сега се израмни со 9-1 скор, но Вардар има подобра гол-разлика.

Пелистер имаше водство од три гола разлика (13:10), но на полувремето Вардар намали на 13:12, а потоа имаше фантастична серија за водство од три гола разлика. Сепак, Пелистер успеа да направи пресврти со 7-0 серија да стигне до победата.

Периќ и Радовиќ со седум гола беа најдобри кај Пелистер, а Дибиров со шест гола беше најефикасен кај шампионот.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

> Пелистер го совлада Вардар, но „црвено-црните“ поблиску до титулата <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина