Утрински Весник
Македонија

Итен надзор во поранешна „Топилница“ во Велес, нејасни се причините за вчерашната експлозија

Итен надзор во поранешна „Топилница“ во Велес, нејасни се причините за вчерашната експлозија

Државниот инспекторат за животна средина итно направи увид во кругот на поранешна „Топилница“ во Велес откако по силна експлозија, на 19 мај избувна пожар.

„Топилницата е индустриско еколошко жариште, а објектите се во сопственост на Метрудхем. Констатирано е дека пожарот избувнал во текот на сечење метал од постројка за филтрирање, но не може да се утврди дали причината е контакт на искра со стара електрична инсталација, или со талог од експлозивна хемикалија“, се наведува во соопштението.

За да се спречи можна хаварија, Државен инспектор за животна средина изрекол усна забрана за работа на ЗД Отпад Охрид, компанија која е ангажирана од Метрудхем да го отстрани отпадниот метал од локацијата.

„Во најитен рок Метрудхем мора да достави документација за отстранување хемикалии и опасен отпад и нивно евентуално чување на локацијата. Истовремено, се врши надзор и врз ЗД Отпад Охрид, за да се утврди колкави количини отпаден метал се веќе отстранети и дали отпадниот метал е потенцијално контаминиран со опасни материи. По анализата на документацијата и прибирањето докази, ќе бидат превземени соодветни мерки“, се довава во извештајот на Државниот инспекторат за животна средина.

Можете да прочитате

Презентација на постер насловен „Зборуе Радио Скопје“ за 80-годишнината на Македонското радио

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка, непрооден дел од патот кон ГП Голема Црцорија – Голеш

Здравствените работници со препораки пред празниците: Умерено со алкохолот, воздржување од пиротехнички средства