Утрински Весник
Македонија

Целосно завршен и пуштен во употреба булеварот Босна и Херцеговина

Целосно завршен и пуштен во употреба булеварот Босна и Херцеговина
Dik 300x250 mk

Денеска официјално се пушти во употреба новозавршената делница на булеварот Босна и Херцеговина во северниот дел на Скопје.

На прес-конференцијата по повод отворањето на булеварот се обрати градоначалникот, Петре Шилегов.

„Денеска ги пуштаме во употреба последните 500 метри од новопроекрираниот булевар Босна и Херцеговина, кој се спојува со булеварот Словенија. За реализацијата на овој капитален проект од Буџетот на градот се потрошени околу 100 милиони денари со пресметан ДДВ. Вложувањето на овие средства создаде услови за сериозен развој на инфраструктурата, но и сериозен развој на градот во северниот дел и е дел од концептот за кој јас зборував со граѓаните во текот на 2017 година, секундарниот северен прстен“, изјави Шилегов.

Станува збор за целосно нов булевар со вкупна должина од околу 1.700 метри, ширина од 40 метри, со 6 коловозни ленти, пешачки и велосипедски патеки, средишно и странично зеленило од двете страни и ново улично осветлување, од булевар Словенија до булевар Христијан Тодоровски Карпош.

Новиот булевар Босна и Херцеговина заедно со булеварот Словенија ќе ги поврзува Карпош, Бутел, Шуто Оризари и Чаир, а заедно со новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош за жителите на овој дел од градот ќе претставува побрз излез до скопската обиколница.

Можете да прочитате

Полицијата го сопрела при рутинска контрола, она што го виделе внатре ги шокирало

Ленче Николовска: 100 милиони евра од ИПАРД под знак прашалник, срамота за институциите

Нова услуга на „Визер“! – Празно седиште до вас, повеќе комфор и приоритетно качување