Утрински Весник
Свет

Студија: Третата доза на „Астразенека“ дополнително ја подобрува ефективноста на вакцината

Студија: Третата доза на „Астразенека“ дополнително ја подобрува ефективноста на вакцината

Третата доза вакцина против Ковид-19 од „Астразенека“ и Универзитетот „Оксфорд“ постигна добри резултати во производството на антитела и дополнително ја зголеми ефикасноста на вакцината кај учесниците во студијата, објави „Фајненшл тајмс“.

Веста доаѓа во моментот кога производителите на вакцини предупредуваат дека најверојатно секоја година ќе биде потребна довакцинација (дополнителна доза) или нови вакцини за да се зајакне нивниот ефект поради развојот на нови варијанти на вирусот, иако некои научници се сомневаат во оправданоста и потребата од трета доза, пишува „Ројтерс“.

Весникот цитира изјава на лице упатено на резултатите од студијата, кое вели дека реакцијата на антителата на дополнителната доза на вакцината е доволно силна против која било варијанта на коронавирусот. Студијата исто така покажа дека има помалку страв дека аденовирусите не можат да се користат повеќе од еднаш, пренесува „Ројтерс“.

„Астразенека“ и Универзитетот „Оксфорд“ сè уште не одговориле на барањето на „Ројтерс“ за подобро разјаснување на резултатите од студијата, која сè уште не е официјално објавена, а „Фајненшл тајмс“ пишува дека сè уште не е познато кога „Оксфорд“ и „Астразенека“ планираат да го објават информациите.

Вакцината на „Астразенека“ е заснована на нова технологија која користи изменета верзија на аденовируси, кои предизвикуваат настинка, како вектори за пренесување на „упатства“ до човечките клетки.

Заради ваквиот начин на развивање вакцини, некои научници веруваат дека дозите би можеле да изгубат од ефективноста доколку годишните вакцинации станат неопходни за борба против новите варијанти на коронавирус.

Европската Унија во мај потпиша нов договор за испорака на 1,8 милијарда дози вакцини на „Фајзер-Бионтек“ за да се обезбеди ревакцинација.

 

Можете да прочитате

Троjцата Американци ослободени во размената на затвореници со Кина се вратија дома 

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ

11 кинески и руски воени авиони влегоа во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја