Утрински Весник
Свет

Комбинацијата на „астразенека“ и „фајзер“ е ефикасна и безбедна

Комбинацијата на „астразенека“ и „фајзер“ е ефикасна и безбедна

Шпанска студија за комбинирање на вакцини против Ковид-19 откри дека давањето доза на „фајзер“ на луѓе кои веќе ја примиле првата доза на „астразенека“ е исклучително безбедно и ефикасно, објавија денес истражувачите.

Таканаречената студија „Комбивакс“, предводена од шпанскиот државен здравствен институт „Карлос III“, покажа дека имунолошкиот одговор кај луѓето кои примиле „фајзер“ е меѓу 30 и 40 пати поголем отколку во контролната група луѓе кои примиле само една доза „астразенека“, пренесува „Ројтерс“.

Меѓу 600-те учесници во студијата забележани се само неколку сериозни несакани ефекти, велат авторите на студијата.

Можете да прочитате

Почина масовниот убиец од Краков

Британија потрошила 100 милиони фунти на гранични пунктови кои никогаш не биле искористени

Најмалку 21 лице загина откако потона чамец со мигранти крај брегот на Сенегал